Вчеравечер во Истанбул,Турција се одржа изборот Мис Евроазија 2020. Македонија имаше две претставнички, Кристина Поптрпева и Елена Петреска кои успешно ја претставија нашата земја и се вратија со круни и дури три титули.
Кристина Поптрпева освои две титули : Мис Талент, како најталентирана меѓу девојките претставувајќи го својот талент за пеење со изведба на песната “Stay” од Ријана. Исто така ја освои и титулата Miss Catwalk, односно признание за најдобро движење на писта.
Елена Петреска, се закити со титулата Мис Туризам Евроазија 2020.
На изборот победи убавицата од Израел, титулата прва придружничка ја освои девојката од Сибир, а втора придружничка е девојката од Русија.
Тие на изборот настапија преку Модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој престижен избор за убавина.