Регистрирани се 623 прекршоци за неносење маски во изминатото деноноќие – ММС
ММС

Објавено на: 09/19/20 9:33 AM

Регистрирани се 623 прекршоци за неносење маски во изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие (18/19.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 623 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Во последните 24 часа, статистиката бележи нови 144 случаи со Ковид-19, осумина пациенти го загубија животот.