Вчера вечерта во градскиот парк во Скопје се одржа премиерата на филмот „Стела“ на Стојан Вујичиќ. Со ова се означи и почетокот на 19то издание на „Синедејс“, под отворено небо, аќе се случува на повеќе од 10 локации низ Скопје, под слоганот „Филм на секое платно“.
Поради протоиколите беа дозволени столчиња само за 450 седишта, кои беа исполнети до последното столче.
На премиерата шрисуствуваше и акктерската екипа Дејан Лилиќ, Тони Михајловски и Мони Дамовски, заедно со главниот протагонист Петар Маниќ и шарпланинецот Стела.
Актерот Маниќ, кој ја игра улогата на Никола во филмот, е внук на пејачката легенда Томислав Маниќ, кој не ја пропушти премиерата за поддршка на внукот.
Присутните беа презадоволни, чувството беше феноменално да се биде на премиера на филм, која од март наваму, поради пндемијата е прва премиера на домашен филм.
Фестивалот ќе трае до 24 овој месец.
Фото: Вангел Танурвоски