Познатиот македонски музичар,Исмаил Лумановски за втор пат стана татко. На овој свет дојде малата Ариа која донесе радост во семејството. Како што вели Исмаил, сега со неговата сопруга Ѓулчин се чувстуваат комплетни.
„Ариа се роди на 17 ти септември во 12 часот и 24 минути, попладне. Тежи 4 килограми и 330 грама, долга е 54 сантиметри. Чувството да се биде татко по втор пат посебно во вака тешко време е како сонце да не огреа во најлошото време. Пред се сум многу среќен за тоа што мојата ќеркичка пристигна и ни се придружи во нашата фамилија, но истовремено се чувствувам и малку тажен во нејзино име поради тоа што пристигна во период кога цел свет се соочува со пандемија која не ограничува од многу различни аспекти. Првото наше дете е машко и се вика Едис и сега второто е женско и се чувстуваме комплетни, изјави за ммс.мк Исмаил Лумановски.
Во неодамнешното интервју со него за ммс.мк тој ни откри дека балансот помеѓу неговата музичка кариера и семејството е многу важен, посебно за уметниците.
„Во брак сум веќе скоро 4 години и имаме едно машко дете Едис Јон кој има 20 месеци, и очекуваме ќерка во септември. Балансот е многу важен за сите нас, уметниците. Многу е тешко да се биде уметник со распоред како мојот и да се одржува фамилија. Јас се чувствувам многу среќен што го најдов вистинскиот партнер, мојата сопруга Ѓулчин која што секогаш стои позади мене и ме поддржува за да можам да ја задржам креативноста и активноста без кои еден уметник не може да ги гради. А тоа што сум татко ме става во друга димензија за да се разбудам самиот себе си и да влезам уште подлабоко во уметничкиот израз. Една од најубавите нешта што се случи во пандемијата е тоа што ми се даде можност да бидам со мојот син, да уживам со него ден и ноќ“, раскажа Лумановски за ммс.мк.
Габи Додевска