Во пресрет на конечното официјализирање на долгоочекуваниот трансфер на фановите на Тотенхем и самиот Жозе Мурињо, велшкиот репрезентативец и довчерашен фудбалер на Реал Мадрид, Герет Бејл, пристигна во Лондон.
„Замрзнатиот“ крилен напаѓач на клупата на Мадриѓаните ќе потпише договор со Тотенхем, а месечната плата ќе плаќаат и двете страни, со оглед на тоа дека Бејл првично доаѓа во Тотенхем како позајмен играч
-Нема да коментирам ништо, бидејќи тој е фудбалер на Реал Мадрид. Тоа го почитувам, учтиво прокоментира Жозе Мурињо на новинарско прашање.
Покрај Бејл, од Мадрид доаѓа и младиот лев бек кој беше на позајмица во Севиља и ја освои Европа Лигата, Серхио Регулион.