Доколку за едно нешто сите фанови на НБА сезонава се согласуваат без исклучок, тоа е дека Мајами Хит ја игра најдобрата кошарка во 2019/2020 година.
И Мајами Хит продолжува по тој пат во конференциското финале против Бостон Селтикс. По првата поприлично изедначена четвртина, екипата на Бред Стивенс се издигна во вториот дел од првото полувреме и ги натскока опонентите. Добрата игра под обрачите и неефикасноста на момците на Ерик Сполстра, му донесоа на шампионот на НБА од пред една деценија предност од 17 поени.
Но, за да се избегне изедначување во серијата се погрижи словенечкиот кошаркар, Горан Драгиќ. Драгиќ, кој на почетокот од оваа сезона поминуваше повеќе време на клупата и беше третиран како шести играч во одличниот колектив од Флорида, како што одминуваше сезоната стануваше далеку повитален и покруцијален дел од мозаикот на Споелстра.
Во третата четвртина се разбуди Бем Адебајо со 15 поени, а во четвртата деветте поени на Драгиќ во клучните моменти кога се „кршеше“ мечот, беа и повеќе од доволни за уште една победа на Мајами 106:101.
Адебајо натпреварот го заврши со 21 поени, Данкан Робинсон со 18, од кои 12 од четири обиди за три поени во првата четвртина, Џими Батлер забележа 14 поени. За поразените, Кемба Вокер уфрли 23 поени, а Татум-Браун искомбинираа вкупно 42 поени.
Првиот финален меч на Западот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Денвер Нагетс на програмата е вечер после полноќ.