После Тиаго, Ливерпул тргнува по фудбалерот на Волвс – ММС
ММС

Објавено на: 09/18/20 6:10 PM

После Тиаго, Ливерпул тргнува по фудбалерот на Волвс

Екипата од Мерсисајд во овој трансфер летен период не беше претерано активна. Освен двете засега официјални засилувања во името на левиот грчки бек Цимикас и шпанскиот репрезенативец Тиаго Алкантара, актуелните шампиони на Англија не го освежија својот состав.

Со оглед на темпото кое Ливерпул го наметнува преку целата сезона и интензитетот на игра и повеќе од евидентно е дека на Јурген Клоп му се потребни нови аквизиции. Не толку во првиот тим, колку што му се потребни квалитетни фудбалери од клупата кои ќе можат да придонесат подеднакво, или барем приближно добро како оние 11 кои се вообичаено на теренот.

Поради тоа, Ливерпул сега бара алтернатива на Мане, Салах и Фирмино, а како последно име кое се поврзува со нив е португалскиот интернационалец и моментален фудбалер на Волвс, Диого Џота. Прваците се подготвени да го „одврзат ќесето“ и да го доведат младиот Џота во свои редови. Покрај Минамино и Ориги, Џота бил бил третата опција која ќе ги „одмара“ тројцата во навалната линија.

Освен Џота, Ливерпул сериозно се распрашува и за фудбалерот на испаднатиот Вотфорд, Исмаила Сар. Тимот од Чемпионшип за него бара повеќе од 30 милиони фунти.