Најмладата социјална мрежа Тик-Ток стана нов популарен вид на забава. Децата со турпија за нокти се обидуваат да ги израмнат забите, тој процес го снимаат и го објавуваат на оваа социјална мрежа. Овој вид на „рзубавување“ ги шокира стоматолозите кои што велат дека оваа е исклучително штетно.
„ Правите непоправлива штета и ги уништувате забите“-изјавил за „ Инсајдер“ доктор Чед Еванс, еден од директорите на фирма од областа на стоматологијата со седиште во Тексас.
На Еванс овој тренд му го покажале колегите и бил шокиран од тоа што го видел.
Тоа што го прават децата со турпиите за нокти е слично на постапката што ја прават козметичките стоматолози кога ги порамнуваат оштетените заби, но многу е поопасно бидејќи со турпијата може да се оштети забната глеѓ и забот можат да стане преосетлив и потполно уништен, предупредуваат стоматолозите.
bilc.rs
@acerendulicc No one tell my dentist #teethchallenge #fyp #ColorSelector #TimeforTENET #MeTime #dentist #smile #blonde