И оваа зима без мерните станици за мерење на ПМ честичките, се чекаат делови за истите – ММС
ММС

Објавено на: 09/18/20 1:02 PM

И оваа зима без мерните станици за мерење на ПМ честичките, се чекаат делови за истите

Мерните станици за мерење на аерозагадувањето во нашата земја по се изгледа и оваа зима нема да бидат во функција. Министерот за животна средина, Нуредини на денешниот прес информираше дека ниту една од мерните станици не се во функција, но министертсвото порачало делови за нив, но не знае ниту кога ќе пристигнат деловите, ниту кога ќе проработат мерните станици.

„Не би може да ви дадам конкретна информација кога тие ќе бидат активни и функционални, ние веќе ги порачавме елементите, деловите на мерните станици штом пристигнат истите ќе бидат инсталирани и ќе ве информираме навремено за функционалноста“, рече Нуредини.

Што се однесува до депониите кои никнуваат на секој чекор во главниот град, а потоа истите се палат, министерот рече дека ќе бара од институциите да преземат чекори за нивно санкционирање.

„Во поглед на тоа што ја нарековте нашата земја „голема депонија“ би побарал од медиумите да ги информираат на добар начин нашите граѓани. Ние сме институција која се бави со креирање на политики, ние ги креираме политиките и истовремено комуницираме со локалните власти да ги преземат нивните чекори. Фрлање отпад во природата кај нас е сите знаеме не законско и недозволиво, исто така палење оган, предизвикување пожар е исто така не законско. Ќе бараме од институциите да си ја вршат својата работа без оглед дали тоа се работи за противпожарната служба, полицијата или пак за локалните власти. Кривично дело е да се опожари шут или ѓубре. Имајќи ја предвид целата ситуација околу Ковид 19 многу сме свесни и информирани сме за помеѓу аерозагадувањето и палењето отпад, што тоа го чини како двојно кривично дело. Затоа ќе барам од нашите институции да си ги преземат чекорите, тие какви што пропишани со законите да го спречат случувањето на ваквите околности“, изјави Нуредини.

Што се однесува до краткорочните планови како ќе се спречи оваа зима аерозагадувањето и тој потенцираше дека министертсвото веќе има во план да организира работна група, на која ќе бидат повикани сите инспектори и од нив ќе биде побарано да си ја вршат својата работа, да излезат на терен и да си ја вршат работата.

„Од друга страна истото ќе го сториме и со локалната самоуправа, во меѓувреме веќе имаме нацрт закон кој што се очекува да биде да биде изгласан во наредните три недели до месец дена и со тоа ќе бидат покриени сите теми во однос на краткорочните планови. Ќе се побара од нив да внимаваат каде  се исфрла отпад, дали ќе има пожари и да се трудат што повеќе во насока на спречување на истите појави“, рече Нуредини.