Нуредини: Успешно е завршен тендерот за избор на изведувач за санација на почвата контаминирана со линдан во „Охис“ – ММС
ММС

Објавено на: 09/18/20 12:16 PM

Нуредини: Успешно е завршен тендерот за избор на изведувач за санација на почвата контаминирана со линдан во „Охис“

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, на денешната прес конференција на која го претстави планот на Министерството за во наредните 4 години истакна дека до крајот на оваа година ќе биде поднесен ревидираниот поднесок на Парискиот договор каде на Владата ќе и биде предложено зголемување на амбицијата за редукција на емисијата на стакленичките гасови дури за 82% во однос на 1990 година, со што ќе обезбеди значителен придонес кон декрбонизацијата.

„Во таа насока ги повикувам инспекциските служби од сите области и во рамките на Владата ќе барам засилување на капацитетите за соодветна контрола на теренот и казнување на секаков вид на загадување. Ќе се заложам за подобра координација и кооперација на овие две служби“, рече Нуредини.

Од областа на отпадот покрај предлог законите во моментов е во процес е стратешката оценка на влијанието врз животната средина за националниот план за управување  со отпадот од 2020 до 2030 година, а донесени се и сите плански документи за регионалниот систем за управување со отпад во седумте региони, рече Нуредини.Тој истакна дека во наредниот период фокусот ќе биде во помагање на општините во изнаоѓање на средства за спроведување на  плановите и потребната инфраструктура.

„Би сакал да споделам со јавноста покрај тоа што оваа недела безбедно беше преточен и подготвен за транспорт од земјата винил хлорид мономерот во „Охис“ исто така успешно е завршен тендерот за избор на изведувач за санација на почвата контаминирана со изомери на линдан во округот на „Охис“. Заврена е административната процедура на потпишување на договорот со избраниот понудувач, а сега следи одобрувањето на деталниот план за ремедиација и обезбедување на сите активности за потребната документација за отпочнување на работа на терен и чистење на историската депонија“, рече Нуредини на денешната прес конференција.