По подолга пауза, вчеравечер Македонската филхармонија ги отвори вратите за посетителите, и за новата концертна сезона, но како и секој јавен настан во период на пандемија под специјално подготвени протоколи за изведувачите и посетителите.
„Младост, среќа и иднина“ беше насловен концертот предводен под диреигентската палка на Јерухам Шаровски и фантастичната солистка на виолончело Даниле Акта и оркестарот на Филхармонијата.
Фотографиите ќе ве прошетаат низ концертот кој вчеравечер се одржа, каде може да се забележи мерење на температура на влезот од институцијата на посетителите, задолжително носење маски, па дури и дел од оркестрот каде тоа го дозволува работното место и дистанца на публиката.
На почетокот на следниот месец, односно на 1 ви Октомври ќе има вечер посветена на „Шпанскиот танц“ каде како диреигент ќе се појави маестрото кој долго време соработува во Македонската филхармонија и редовен гостин, диригентот Емил Табаков од Бугарија.
Фотографиите се преземени од официјалната страница на Фејсбук на „Филхармонија“.