Следните 9 часа критични за Грција поради бурата „Јанос“: Се очекуваат временски феномени и обилни дождови – ММС
ММС

Објавено на: 09/18/20 9:35 AM

Следните 9 часа критични за Грција поради бурата „Јанос“: Се очекуваат временски феномени и обилни дождови

Бурата „Јанос“ ја погоди Грција рано утрово и предизвика штета, но не беше животно загрозувачки, рече заменик министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хердалиас и додаде дека следните девет часа ќе бидат многу критични.

Тој рече дека се очекуваат силни временски феномени и обилни дождови, пренесува грчкиот портал Катимерини. Тој додаде дека жителите на Закинтос, Кефалонија и Итака останаа без струја поради невремето и се работи на повторно воспоставување на енергетскиот систем.

https://www.youtube.com/watch?v=MUauKJrwH6I&feature=emb_title

Циклонот се очекува да трае во тој дел на Грција во следните шест до девет часа, а потоа да се движи кон југ.

Исто така, се формира нов фронт, кој ќе го погоди централниот дел на Грција околу пладне и попладне, а ќе бидат погодени Магнезија, Аркадија и веројатно Фокис, додека во сабота невремето ќе достигне до Атика и Евија.

https://www.youtube.com/watch?v=btlhItXtHGo&feature=emb_title

Средоземниот циклон „Јанос“ исто така го покажа својот центар, односно око во област од околу 50 километри.

Сателитски снимки покажуваат дека налетите на ветрот се околу 90 километри на час, и како резултат на тоа, нивото на морето се зголеми и многу области се поплавени, претежно во Итака.

Преземено од: https://informer.rs/