Обид за киднапирање на 9 годишно девојче во Будва – ММС
ММС

Објавено на: 09/18/20 8:05 AM

Обид за киднапирање на 9 годишно девојче во Будва

Родители на 9 годишно девојче од Будва пријавиле во полиција обид за киднапирање на нивната ќерка.

Инцидентот се случил на едно игралиште во населбата Голубовина во Будва.

Во пријавата се наведува дека непознато машко лице се доближил до девојчето и се обидел на сила да ја изнесе од игралиштето, но девојчето за среќа избегало.

“Инспекторите на криминалистичката полиција на Одделот за безбедност на Будва излегоа на лице место веднаш откако дознаа за овој настан и го известија надлежниот обвинител. Во својство на граѓаните земени се изјави од повеќе лица. Во тек е кривична постапка, па за понатамошна истрага не можеме да кажеме повеќе, кога ќе бидат извршени сите проверки, ние ќе ја информираме јавноста “, изјавија неофицијално од Полициската управа.

Според медиумот „Dan“, полицијата трага по лицето чиј опис го добиле за да утврдат дали се точни наводите за девојчето. По повод овој настан, мајката на девојчето објави на својот Фејсбук профил, поканувајќи ги родителите од таа населба да бидат покрај нивните деца додека тие се на игралиштето.

Преземено од: https://mondo.rs/