Кинескиот министер за наука и технологија Ванг Жиџијанг денес изјави дека земјата во моментов спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против вирусот „ковид-19“ и додаде дека четири вакцини веќе влегле во третата фаза на тестирање.
Тој на здравствениот форум во Пекинг оцени дека епидемијата сè уште се шири низ целиот свет и дека не е целосно под контрола, како и дека може да има ново зголемување на случаите на есен и зима, пренесува Тасс.
Тој додаде дека Кина обезбеди навремени информации за корона вирусот на Светската здравствена организација, што обезбеди важна основа за истражувачите ширум светот да спроведат медицински студии и да развиваат фармацевтски производи.
Преземено од: https://www.blic.rs/