Писмо од една мајка до нејзините деца: Лекции што ќе ви го променат животот – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/20 10:48 PM

Писмо од една мајка до нејзините деца: Лекции што ќе ви го променат животот

Колин Темпл за порталот Motherly напиша писмо до своите деца, во кои може да се пронајде секоја друга мајка.

Постојат работи кои треба да ги знаете – за животот, за љубовта и за тоа како работите функционираат. И сакам да бидам таа што ќе ви го каже тоа. А животот е прекраток и никогаш не знаеме што носи денот, а што ноќта. Затоа морам ова да го преточам на хартија (поточно на интернет) и тоа веднаш – наведува мајката во писмото.

Животот ќе биде лудница

Понекогаш ќе се збуните околу тоа која насока дa ја следите. Но сите имаме свој пат, само треба да веруваме во тој процес и напорно да работиме. Имајте верба и вложете го потребното време. Не плашете се да паднете. Токму тука е магијата – во паѓањето и во повторното станувањето. Со враќањето ќе бидете појаки од кога било претходно. Така соништата се остваруваат, а целите се исполнуваат.

Семејството ви е поддршка

Ништо не е поважно од семејството. Од мене, од вашиот татко и од вас. Ќе бидеме овде едни за други без оглед на се’. Ќе се сакаме дури и кога ќе бидеме лути едни на други. Ќе навиваме едни за други и при најмали предизвици. Ќе направиме едни за други што и да треба. Бидете си верни едни на други. Бранете се, чувајте се и не дозволувајте ништо да застане меѓу вас.

Пријателите ќе ви бидат сродни души, ваши ангели

Пријателите ќе бидат овде за вас во текот на раскинувањата и кога срцето ќе ви се крши. Тука ќе бидат да ве насмеат кога тоа ќе ви биде најпотребно и да танцуваат со вас до долго во ноќта. Ќе станат дел од вас, ќе ви бидат како семејство. Нема да бидат до вас до крајот на животот, а останатите што ќе ги „соберете“ во текот на вашите патувања – тие ќе претставуваат симболични и различни фази од вашиот живот. Ќе се појават во вашиот живот со причина. Бидете добри пријатели. Ќе си требате едни на други.

Работата е потребна и инспиративна

Веројатно ќе имате неколку различни работи во животот. Понекогаш вашите професионални патишта ќе изгледаат како „цик-цак“. Немојте  да бидете исплашени и пробувајте различни страсти во вашиот живот, па ќе видите каде ќе ве одведа. Ви посакувам да најдете кариера што ве исполнува и која ќе ве тера да растете и да се развивајте, но и максимално да го искористите својот потенцијал. Се надевам дека јас и вашиот татко ќе ви помогнеме да ги изградите вашите таленти.

Ќе почувствувате дека парите се и дар и товар

Ќе има ден кога ќе почувствувате дека се’ чини и тоа многу. Но ако работите и штедите, работете правилно. Дури и кога ќе работите правилно, парите секогаш ќе бидат тешки за управување. Да имате деца и хипотека, па да „жонглирате“ со сите сметки што доаѓаат со растењето на семејството…па, тоа си го зема данокот. Но имајте на ум дека парите не се се’. Животот е многу повеќе од сметки и стрес околу тоа дали парите да ги потрошиш на нова облека или не. Верувајте дека се ќе испадне како што треба дури и кога нема да бидете во можност да одвоите малку пари за себе, за семејството, за својата врска и за своите деца.

Понекогаш ќе ви се чини дека вашето тело ви е пријател, но и непријател

Моето тело ми подари три неверојатни подароци – вас три. Низ што се помина – три бремености и породувања, му се восхитувам. Толку го почитувам своето тело поради се’ што ми пружи и што направи за мене, а јас и понатаму сум строга кон него. Секако, има денови кога посакувам да бидам во изданието од пред бременостите, бидејќи посакувам да можам да ги облечам омилените фармерки од пред пет години. Но нашите тела – нашите здрави тела се дарови и така треба да ги третираме. Кoга сум строга кон него, тогаш гледам во вас и сфаќам колку е прекрасно. Тогаш се ослободувам од сите негативни мисли.

Љубопитноста ќе ви донесе успех

Бидете љубопитни. Поставувајте прашања. Навистина, не постојат лоши прашања, бидејќи прашувањето значи дека го почитувате процесот на учење и толкава мера што сакате да бидете сигурни дека ги усвојувате информациите правилно. Тоа е многу важно.

Технологијата е лажлива, но и од помош

Го имаме светот на дланка и којзнае што се ќе ви понуди технологијата кога ќе пораснете. Социјалните мрежи ќе ви бидат интересни. Јас не пораснат така. Профилот на  Фејсбук го направив кога тргнав на факултет. Вашиот живот ќе биде документиран – внимателно бирајте што ќе споделите со светот. Социјалните мрежи се добра алатка за поврзувањет со луѓето и размена на идеи, но тоа може да биде опасно. Не дозволувајте сето тоа да ве допре. Направете пауза секогаш кога тоа ќе ви притреба, Има толку многу прекрасни работи што се случуваат околу вас во живот.

Љубов има во изобилие

Се надевам дека животот целосно ќе ви биде исполнет со љубов и сигурна сум дека ќе биде така. Вашиот татко и јас секогаш ќе ве сакаме без оглед на се. И кога ќе се вљубите во личноста што сами ќе ја одберете се надевам дека ќе го отворите вашето срце и ќе ја пуштите внатре. Кога се вљубив во вашиот татко, токму тоа и се случи. Беше напнто и збунувачко, па дури и застрашувачки, но тоа беше најдоброто чувство на светот. Едвај чекам да ве слушам како ми зборувате за тоа чувство.

Љубезноста е одговорот

Кога не сте сигурни, бидете љубезни. Секогаш третирајте ги луѓето со љубезност, дури и кога тие одлучуваат поразлично. Вашите срца се полни со љубезност и се надевам дека такви и ќе останат.

Се’ ве чека

Купете ја поскапата маскара. Отпатувајте. Гледајте ги луѓето во очи. Немојте да се чувствувате незгодно кога танцувате. Читајте книги, но вистински книги. Слушајте ги внимателно текстовите на песните. Сонувајте, а потоа делувајте. Донирајте крв. Простувајте. Одете на концерти. Бидете од помош. Работете напорно. Заземе став кога треба, бидете ентузијасти. Размислете добро. Имаме еден живот. Искористете го максимално, деца.

 

Со љубов, мама

 

Извор:  mother.ly