Мажите искрено опишаа што претставува љубовта за нив – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/20 9:37 PM

Мажите искрено опишаа што претставува љубовта за нив

Љубовта има неколку фази. Првата е привлечност, потоа опсесија, па гледање на партнерката како на совршено суштество. А потоа полека почнуваш да ја гледаш вистинската личност и чувството кое во тој момент ти преостанува е љубов и ништо друго. Oва е еден од описите на љубовта, гледано од машки аспект. Во продолжение за вас издвоивме уште неколку согледувања од машка страна за ова чувство.

Уживање во стабилноста

Кога ќе исчезнат пеперутките од стомакот секогаш кога ќе ти се јави или прати порака, кога веќе немаш возбуда за некои нови работи во врската, кога ги гледаш нејзините мани и дозволуваш таа да ги види твоите. Но како и таа после се’, е твојата омилена личност и кога и понатаму правите работи еден за друг што ве прават среќни. Кога со таа личност уживаш во стабилноста и сигурноста. Тоа е љубов.

Чувство на среќа

Љубов е кога се чувствуваш посреќно и посигурно од кога било претходно.И кога имаш силен порив и другата страна да се чувствува така.

Врска која не може да се опише

Многу е тешко со зборови да се опише што чувствувам кон својата партнерка, тоа е поврзаност што не можам да ја опишам. Тоа е поврзаност поради која знам што таа чувствува во секој момент и знам дека и таа знае како јас се чувствувам. Се’ би жртвувал за неа. Љубовта не може да се опише, но знам дека ја чувствувам.

Како кога си дома

Многумина кога ја опишуваат љубовта користат зборови како среќа, еуфорија, возбуда…Моето мислење е дека тоа не е точно. Вистинската љубов е удобна, се чувствувате како да сте дома.

За неа го сакаш најдоброто

Љубов е кога за некој го сакате најдоброто и ќе направите се’ за таа личност. Се’ освен тоа не е љубов, туку приврзаност.

Нејзините потреби пред твоите

Љубовта за мене значеше потсвесно ставање на нејзините потреби пред моите и поттикнување на радост и насмевски.

 

Извор: zenskikutak.rs