Нападнат и брутално претепан активистот Љупчо Палевски – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/20 6:12 PM

Нападнат и брутално претепан активистот Љупчо Палевски

Претседател на движењето „Трета“, Љупчо Палевски- Палчо попладнево е брутално нападнат и претепан.

“Палчо е пребиен од двајца на мотор пред куќа. Облечени во црно,со црни кациги. Со шипка маван и боксирачи по глава. На 55 годишен ли бе? Упатен е према болница со брза помош“, пишува на Фејсбук објавата од партијата „Трета“.

Според последните информации, Палевски немал скршеници ниту пак некои животнозагрозувачки  повреди.

Иако имаме различни мислења за одредени теми, иако и често знае да ме критикува, но искрено и човечки давам поддршка за Љупчо Палевски и најостро го осудувам дивеењето по улиците и физичкиот напад врз него, напипа Христијан Мицкоски по нападот на Љупчо Палевски од Трета.

И да не се залажуваме, власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на ваквиот крвав инцидент. Наместо Европска Македонија, добиваме држава во која мафијата со неистомислениците се пресметува со тупаници и шипки.Ако владата не го расветли инцидентот во најбрз можен рок, тогаш народот треба да знае како да се самозаштити во иднина, напиша Мицкоски.