Само богатите земји си обезбедија од идните дози на вакцини за корона вирус – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/20 5:41 PM

Само богатите земји си обезбедија од идните дози на вакцини за корона вирус

Богатите земји веќе купија повеќе од половина од идните дози на вакцини за коронавирус, соопшти организацијата за борба против сиромаштијата Оксфам.

Податоците на Оксфам покажуваат дека земјите што сочинуваат само 13 проценти од светската популација веќе купиле 51 процент од залихите со вакцини во последната фаза од истражувањето.

Оксфам дошол до овој заклучок со анализа на веќе склучените договори меѓу фармацевтски компании и производители на вакцини со земји од целиот свет за петте најперспективни потенцијални вакцини кои се во третата фаза на клиничкото испитување, врз основа на податоците собрани од Ефинити, пренесува Танјуг.

Оксфам и други слични организации ги повикуваат сите да ги променат корпоративните практики така што „народната вакцина“ е достапна за секого.

Исто така, предупредува дека дури и ако петте водечки потенцијални вакцини се успешни, 61 процент од светската популација нема да може да ја користи барем до 2022 година.

Преземено од: http://www.politika.rs/