Протест на мајките пред Влада-За нашите деца ли ги спремавте монтажните болници? – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/20 5:44 PM

Протест на мајките пред Влада-За нашите деца ли ги спремавте монтажните болници?

„Дали вашите деца ќе ги пуштите во градинка?, Вашите деца не се поважни од нашите?, За нашите деца ги спремавте монтажните болници?, Комисијата за заразни болести не ви е валидна?“ се дел од пораките испишани на транспарентите што ги носеа мајките кои што денеска пред Влада протестираат поради прекин на продолженото породилно отсуство.

 

Тие бараат да се поништи одлуката на владата со која што на 23-ти септември тие ќе треба да се вратат на работа, но исто така бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годината. Велат дека во градинките нема место и воопшто не можат да ги запишат нивните деца.Досега петицијата ја потпишале 3325 мајки.Оставија и празни шишиња пред Владата.


Владата по одлуката да не го продолжи породилното отуство на мајките денеска излезе со реакција коментирајќи го денешниот најавен протест како беспредметен. Според одлуката од 14 септември, сите родители на деца од 0 до 6 години, кои досега беа ослободени од работниот процес, треба да се вратат на работа почнувајќи од 23 септември. Мајките инаку го најавија протестот за денес од 17.30 до 19.30 пред Влада, а станува збор за родители кои се на постпородилно отсуство и родители на деца до 6 години.

„Со отворањето на установите за згрижување и воспитување деца на 9 септември 2020 година и анализата која покажа дека градинките имаат капацитет да ги згрижат децата согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување на деца, кој на минимум го сведува ризикот од ширење на вирусот КОВИД-19, мерката родителите на децата од 0 до 6 години да бидат надвор од работниот процес ја губи смислата“, соопштија од Владата.