7 филма поддржани од Агенцијата за филм се селектирани за програмата на „Синедејс“. 2 филма со македонско мнозинско учество и 5 со малцинско ќе се прикажат на новото издание на фестивалот.
Во рамките на Фестивалот на европски филм свои премиери ќе имаат 7 филмови кои се поддржани од Агенцијата за филм. Филмовите се во категоризација на мнозински копродукции и филмови со македонско малцинско учество.
Македонскиот филм „Стела“ во режија на Стојан Вујичиќ ќе го отвори Синедејс утре на 18 ти септември, со почеток во 20:30 во Градскиот Парк. Додека, македонската премиера на филмот „Хомо“ на Игор Иванов Изи ќе се одржи на 24 -ти септември со почеток во 20:00 часот на локација кровот на ГТЦ.
Останати филмови со македонско малцинско учество се:
- Премиерата на „Сирена во Париз“ во режија на Матијаз Малзиу (Франција) ќе се одржи на локација Парк Ибни Пајко на 19.09.2020 со почеток во 21:00 часот
- „Летечкиот циркус“ во режија на Фатос Бериша (Косово) ќе биде прикажан на локација Парк Ибни Пајко на 20.09.2020 со почеток во 20:00 часот
- „Моето езеро“ во режија на Ѓерг Џувани (Албанија) ќе биде прикажан на локација Парк Ибни Пајко на 21.09.2020 со почеток во 20:00 часот
- Премиерата на „Малмкрог“ во режија на Кристи Пуиу (Романија) ќе се одржи на локација Парк Ибни Пајко на 21.09.2020 со почеток во 20:00 часот
- Филмот „18% сиво“ во режија на Виктор Чучков (Бугарија) ќе биде прикажан на локација МКЦ парк на 22.09.2020 со почеток во 20:00 часот
Агенцијата за филм го продолжува трендот на “Нов бран” кој ја гради перцепцијата за македонскиот филм со автентичен и препознатлив израз, и каков таков ќе биде прифатен во Европа и во светот.