Велешанка подведувала малолетничка на проституција, заработи кривична – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/20 3:57 PM

Велешанка подведувала малолетничка на проституција, заработи кривична

Дваесе тгодишна велешанка заработи кривична пријава, поради подведување на проституција на петнаесет годишно девојче. Девојчето пријавило во Полиција.

„СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Д.(20) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „детска проституција“. Во периодот од 04.07. до 13.07.2020 пријавената во повеќе наврати подведувала 15–годишно девојче да дава сексуални услуги на повеќе локации во Скопје и Велес, а паричниот износ кој го добивала за услугите ѝ го одземала“, информираат од МВР

На 13 септември  девојчето го пријавило настанот, по што биле преземени мерки.