Милошоски: Собранието со декларација за идентитетот да се спротистави на бугарскиот меморандум – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/20 1:15 PM

Милошоски: Собранието со декларација за идентитетот да се спротистави на бугарскиот меморандум

Претседателот на комисијата за надворешни работи и пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, смета дека македонското собрание треба да се спротистави на меморандумот кој Бугарија го испрати во ЕУ, со тоа што ќе усвои декларација за идентитетот.

– Европа и нејзиното мото „Обединети во различностите“ треба да важи и за Макеоднија. Сметаме дека за тие прашања не би требало да има преговори, напротив тие прашања треба да бидат поддржани од сите политички партии во Македонија – дека не треба да се преговара, напротив да бидат афирмативни. Мислам дека Собранието треба да усвои една заедничка декларација во која што идентитетот на македонскиот народ, посебноста на македонскиот јазик и сите други културни и национални одбележја би биле заеднички, потврдени и со самото тоа афирмирани како дел од европските вредности на културните и национални идентитети на овој континент, рече Милошоски.