Позитивни случаи на Ковид-19, целиот тим на РК Голден Арт оди во изолација – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/20 12:02 PM

Позитивни случаи на Ковид-19, целиот тим на РК Голден Арт оди во изолација

Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 ја информира целокупната спортска јавноста и надлежните институции дека по натпреварот од второто коло на македонската Суперлига во ракомет, кој се одигра во Радовиш против истоимениот тим, кај дел играчите се појавија симптоми карактеристични за вирусот Ковид-19 (покачена температура, губење на вкус и мирис), па поради тоа клубот како институција која е максимално одговорна спрема своите играчи и вработени веднаш изврши Ковид-19 тестирање (преку брис од нос и грло) на комплетниот играчки кадар, стручниот штаб и комплетната логистика на клубот, по кое се откриени 16 позитивни резултати.

Според прописите за третман на лица кои се Ковид-19 позитивни и лицата кои имале контакт со нив, комплетниот играчки кадар ќе биде ставен во изолација во следните 15 денови.

Од клубот потсетуваат дека пред стартот на подготовките на тимот пред оваа натпреварувачка сезона, нашиот клуб беше еден од ретките клубови кои направи комплетно теститрање на играчкиот погон во првиот тим и младинските категории, како и на комплетниот стручен штаб и клупската логистика, при што навремено беа откриени два случаи позитивни на Ковид-19 висрусот и истите беа изолирани и излечени.

За крај, ракометниот клуб Голден Арт апелира до сите клубови и целокупната јавност да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, со една единствена цел, спречување на понатамошно ширење на вирусот Ковид-19.