Kазна за неносење заштитна маска – копање гробови за починатите од Ковид 19 – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/20 11:54 AM

Kазна за неносење заштитна маска – копање гробови за починатите од Ковид 19

Жителите на рурален округ во Индонезија кои не носат заштитни маски за лице се соочуваат со казна во форма на копање гробници за починатите од Ковид-19.

Локалните власти ја воведоа оваа казнена мерка со цел да го принудат населението да придонесе повеќе за да се спречи ширењето на пандемијата Ковид-19, а на 9 септември, таа беше изречена на тројца мажи на средна возраст и пет малолетни лица.

Според Си-Ен-Ен, алтернатива на овој вид „социјална казна“ е да се плати казна во еквивалент на 10 долари.

Иако носењето маски на јавни места е задолжително низ цела Индонезија, дел од населението силно се спротивставува на тоа и не го почитува тоа правило, како и обврската за одржување на физичката оддалеченост, а централните власти оставија на локалните власти утврдување на казни за овие прекршоци

Вкупно речиси 230.000 случаи на Ковид-19 се регистрирани во Индонезија, при што починаа најмалку 9.100 лица во земјата.

Преземено од:https://www.blic.rs/