–Секоја политичка партија досега се залагала за почиста животна средина, но само декларативно. Тие ветуваат се и сешто пред избори, но после тоа кога ќе дојдат на власт, граѓаните наместо почист воздух, почисти води, добиваат проекти кои ја загадуваат животната средина, вели Аријанит Џафери од Еко герила..
Како организации Џафери вели дека прават напори преку разни еколошки активности да го намалат загадувањето на животната средина, но нивна главна цел и задача е да вршат притисок кон властите да започнат да ги исполнуваат нивнтие должности во областа на екологијата.
Тој смета дека и општините треба да бидат поангажирани за зачувување на животната средина.
Полошкиот регион има голем број на нерешени еколошки проблеми кои тапкаат во место. И како што велат од Еко герила властите наместо да ги решат на терен, даваат само ветувања и проекти кои остануваат со децении само на хартија