Министерот за надворешни работи на Албанија во посета на земјава – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/20 7:48 AM

Министерот за надворешни работи на Албанија во посета на земјава

Шефот на дипломатијата на земјава, Бујар Османи, денес ќе оствари билатерална средба со неговиот колега од Албанија, Гент Цакај, кој ќе престојува во официјална посета.

Според МНР, на средбата акцент ќе се стави на соработката помеѓу Северна Македонија и Албанија во остварувањето на заедничките стратешки цели за членство во Европската Унија, унапредување на билатералните односи, соработката во НАТО и состојбите со глобалната здравствена криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Цакај исто така ќе оствари средба и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот на државата, Зоран Заев.