По пресот на кој лидерот на Левица, Димитар Апасиев, рече дека добива закани по живот и по животот на своето семејство, граѓанската активистка Мерсиха Смаиловиќ вчеравечер се огласи на фејсбук за кривичната пријава која ја поднесе против него.
Пријавата ја поднесла преку Хелсиншкиот комитет за кривично дело предизвикување национална, расна и верска омраза раздор и нетрпеливост, а е во врска со статусот на Апасиев во кој тој ја тагирал и пишувало „Поздрав до мојата колешка, антисемитска муџахединка Mersiha Smailovic од СДС-клеропатријахална“. Во продолжение на текстот следела и фотографија со текст „гласам за секуларна држава“, со што Мерсиха смета дека се предизвикало нетрпеливост кај припадниците на муслиманската вера во Македонија.
– Со овој пост се распалуваат и подгреваат чувства на непризнавање нетолеранција, упатување навреди омаловажување но и бројни пораки од неговите приврзаници.Денес тој немаше одговор на ова обвинување, туку рече дека на видеото на мојот фб профил го навредувале него и семејството. Дури и јас имам ниво на комуникација која ја толерирам, па така сите вулграните пораки, навреди кон неговото семејство и недолични коментари ги бришев.Дури и видеото со коментари е уште достапно, и може да се види дека коментарите со подршка на Апасиев ги оставив, напиша Смаиловиќ.
Таа потенцира дека Апасиев е лидер на политичка партија но и пратеник во Собранието и ваквиот говор треба да се санкционира.