Кога ќе запознаеме некоја личност и ќе започнеме врска со неа, за кратко време ни се јавува желба и на останатите да им ја покажеме својата нова љубов. Денесс тоа често се прави така што се објавуваат заеднички фотографии на профилите на социјалните мрежи. Меѓутоа, постои и друг начин, а тоа е да отворите заеднички профил со таа личност.
Експертите за врски од друга страна, сметаат дека таквиот потег можеби и не е најдобар, па препорачуваат добро да размислите пред да се одлучите за такво нешто. Вие можеби мислите дека заедничкиот профил е сосема добра идеја, но прашање е дали и другите ќе го протолкуваат тоа на ист начин. Тие може да се посомневаат дека нешто не е во ред со вашата врска и дека заедничкиот профил е само фасада зад која се крие друга вистина.
„Една од причините поради кои паровите се одлучуваат на ваков потег е недостигот на меѓусебна доверба помеѓу нив“, смета експертката Шенон Смит и додава: „Можеби еден од партнерите бил неверен па сега другиот го контролира на овој начин“.
Терапевтката Сузана Флорес се согласува со овој став.
„Психолошки гледано заедничкиот профил е знак на несигурност“, изјавила таа. Флорес смета дека за здрава врска е потребно да имате простор за себе, независно дали тоа ќе биде во реалниот или во виртуелниот свет.
Извор: magazin.novosti.rs