Кога се во прашање љубовните односи, понекогаш сите сакаме да постои некоја математичка формула според која би можеле да пресметаме дали нашата одлука е исправна. Сепак, универзумот одлучил со чувствата никогаш да не биде едноставно. Додека постојат оние љубовни врски што имаат среќен крај, тука се и оние што завршуваат со раскинување, но дали тоа раскинување значи дека врската нема повторно да „воскресне“ како Феникс? Или сепак важи онаа девиза дека штом еднаш сте раскинале, па сте и се вратиле на таа личност, веќе ништо нема да биде исто и повторно ќе дојде до раскинување.
Математички точен одговор не постои, но постојат начини на кои би можеле да си помогнете себеси во врска со оваа тема. Ако размислувате за тоа на поранешната љубов да и дадете уште една шанса, би било добро прво да побарате одговори на следните неколку прашања:
Зошто раскинавме и дали е тоа патот по кој повторно сакам да одам?
Инстиктивните постапки дефинитивно нема да ви помогнат да бидете среќни во однос на вашите конечни одлуки. Затоа, доколку гледате дека вашиот однос со поранешниот партнер оди кон смирување, застанете за mомент и наместо да си замислувате романтично сценарио што ќе го „потоне“ предупредувањето за славниот завршеток на вашата љубовна приказна, сетете се зошто всушност сте раскинале. Сигурно во тој момент постоеле проблеми што сте ги сметале за непремостливи. Поради тоа многу е важно да видите дали тие и понатаму се присутни, а вие планирате само да ги ставите под тепих.
Дали си само осамен/а?
Синдромот на страв од осаменост по раскинување е многу честа ситуација, а оттаму доаѓа и мотивот на многумина да се смират со поранешниот/поранешната. Недостасување или само одвикнување од некој со кој сте навикнале да го поминувате вашето време? Или со други зборови – љубов што заслужила втора шанса или само навика?
Ова се дилеми што навистина мора да ги расчистите со себе пред смирувањето. И не заборавајте дека да не се биде во врска е сосема легитимно. Тогаш ќе може да се посветите на себе и да сфатите што е тоа што ви е неопходно за да бидете среќни, а тоа сознанје ќе биде одлична основа за секоја следна љубовна врска.
Што е тоа што го сакам кај поранешниот/поранешната?
Ако и’ се враќате на поранешната љубов, тогаш мора да постои она поради што и понатаму мислите дека таа личност е посебна. Доколку сепак немате ниту еден конкретен одговор тогаш е можно смирувањето со таа личност да биде само инерција бидејќи немате доволно сила за промени.
Што е тоа што овој пат сакам да го променам во нашата врска?
На крајот на краиштата, ако сакате да се смирите мора да дефинирате што е тоа што треба да го промените за да може вашата љубовна приказна овој пат да успее. Без тоа само ќе се вратите на истото и ќе мора да чекорите по истиот пат кој ќе ве одведе до повторно раскинување. Дали сте сигурни дека го сакате тоа сценарио?
Извор: magazin.novosti.rs