Олеснете го разговорот за вашите фетиши: Нема штета од креативност во спалната соба – ММС
ММС

Објавено на: 09/16/20 9:57 PM

Олеснете го разговорот за вашите фетиши: Нема штета од креативност во спалната соба

Иако ги имаат често, за многумина не е лесно на својата сакана личност да и’ признаат за сопствените фетиши. Понекгаш едноставно немаме доволно самодоверба па се „препотуваме“ обидувајќи се да најдеме начин да разговараме на една ваква тема.

Сепак не грижете се, доколку сте доживеале вакво нешто тоа е целосно разбирливо. Потребно е само да имате малку храброст за да почнете да зборувате за ова. Постојат неколку начини на кои може да го олесните разговорот за фетишите.

Доверба и искреност
На својот партнер уште на почетокот  дајте му до знаење дека се работи за чувствителна тема и дека ви требало храброст за да почнете еден таков разговор. Кажете му и дека иако му верувате, дел од вас сепак се плаши да не бидете осудени. На тој начин ќе му покажете дека кај вас постои мал страв за тоа како тој ќе го сфатите сето тоа, па веројатно и самиот ќе внимава на своите зборови.

Почнете со мали работи
Почнете полека. Откријте само еден дел и следете ја реакцијата на партнерот, начинот на кој го прифаќа она што го зборувате. Избегнувајте ги шегите со цел да не се создаде неудобна ситуација, бидејќи таа дополнително би можела да го збуни партнерот. За фетишите разговарајте на едноставен начин. Прво откријте ги малите фантазии, а потоа почнете со откривање и на поголемите.

Взаемно откривање
Ако сте „преплавени“ поради целата ситуација замолете го партнерот и тој да ги подели со вас сопствените фантазии. Така и на двајцата ќе ви биде поудобно и полесно. Ќе се чувствувате посигурни во откривањето на фетишите. Ако ви е полесно, мжете своите фантазии да ги запишете на хартија  и потоа да си ги размените.

Заклучок – сите поминуваме низ емциите на свој единствен начин, па слично на тоа и сексуалните искуства се единствени. Она што мора да го имате на ум е дека целосно нормално е да имате фетиши и вашиот партнер ќе има разбирање за вашите желби во кревет доколку за се разговарате искрено. Освен тоа, креативността во спалната соба не може никому да му наштети.

 

Извор: zadovoljna.dnevnik.hr