Појавата на бактерии отпорни на антимикробни лекови, т.н. „Супербактерија“ претставува многу поголем ризик за здравјето на луѓето отколку Ковид-19, предупредуваат научниците. Оваа опасност е во состојба да ја врати модерната медицина „во мрачните времиња“.
„Ако мислите дека Ковид-19 е лош, тогаш не сте чуле за антимикробна резистенција“, изјави д-р Пол Де Баро, директор за истражување на биосигурност во Националната агенција за наука на Австралија (CSIRO) за The Guardian.
-Немојте да мислите дека претерувам кога велам дека ова е најголемата закана за здравјето на луѓето, без исклучок. Коронавирусот не се ни приближува до потенцијалното влијание на AMR (антимикробна резистентност – “MK” ). Ризикуваме да ја вратиме медицината во мрачните векови, додаде тој
Појавата на антимикробна резистенција е нова глобална закана. Во некои региони, сепак, бактериите отпорни на лекови можат да го уништат веќе кревкиот здравствен систем.
Една статија објавена во научното списание Global Health известува дека има многу малку официјални медицински податоци на оваа тема – особено во Пацификот.
Фиџи, со помалку од еден милион население, има едно од највисоките нивоа на бактериски инфекции во светот – има голема инциденца на туберкулоза кај животни и луѓе и има просечно по две ампутации на ден во болниците, од кои секоја бара употреба на антибиотик.
Експертите од Националната агенција за наука на Австралија, заедно со Националниот комитет за антимикробна резистенција на Владата на Фиџи, иницираа тригодишна студија за утврдување на околностите на појавата на „супербактерии“ во земјата.
„Само помислете на улогата што ја играат антибиотиците буквално во секоја област од нашиот здравствен систем“, рече Де Баро.
“Гребнатинка може да те убие. Породувањето може да те убие, третман на рак, голема операција, дијабетес … Многу често антибиотиците се предуслов за сите овие случаи. Ситуацијата може да се влоши во средина каде што антибиотиците повеќе не дејствуваат”. , посочува тој.
Задржувањето на социјална дистанца нема да помогне да се спротивстави на АМР, бидејќи бактериите постојат во храната, водата и воздухот и на сите површини.
Отпорноста на антибиотици кај бактериите доведе до подолго хоспитализирање, повисоки медицински трошоци и повисоки смртни случаи.
Според различни проценки, околу 700 000 луѓе годишно умираат од АМР, од кои 230 000 умираат од туберкулоза. Се проценува дека оваа бројка може да се искачи на 10 милиони смртни случаи годишно ако не се преземат итни мерки.
Широката употреба на антибиотици за борба против пандемијата Ковид-19, исто така, ја зголемува отпорноста на бактериите и на крајот може да доведе до повеќе смртни случаи за време и по епидемиската криза, предупредува Светската здравствена организација (СЗО).
Изввор: здраве.то