Софтвер наместо возач, технолошка револуција во градче во Јапонија (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 09/16/20 6:08 PM

Софтвер наместо возач, технолошка револуција во градче во Јапонија (ВИДЕО)

Експертите развиваат посебен автоматизиран систем за возење возила на копно и вода.

Амфибиските автобуси не се реткост во светот и претставуваат вистинска туристичка атракција – од Унгарија, преку Германија, до Јапонија.

Водачите на градот Наганохара, кој има 5.600 жители, каде што туристите можат да крстарат по реката Агатсума девет месеци годишно и да уживаат во пејзажот.

Градот кој е одалечен од  Токио еден час, се разликува од „конкуренцијата“, бидејќи тој е првиот што го тестирал проектот за автоматизиран амфибиски автобус!

Софтвер наместо возачи

Во соработка со неколку технолошки компании, Наганохара се подготвува да пушти во употреба автобус без возач во декември, со кој ќе управува комплексен систем за навигација. Вредноста на целиот проект е 2,4 милиони долари.

Амфибискиот автобус има бродско дно и може да прими 40 патници. Тој користи дизел мотор за движење низ градот, како и посебен морски мотор со брзина од 3,6 јазли.

Кога е подготвен, автобусот ќе добие и специјален софтвер Autoware кој собира податоци од ласерскиот систем „Лидар“, GPS, повеќе камери и сензори, за безбедно крстарење по улиците и реките, обезбедувајќи незаборавно искуство за туристите.

https://www.youtube.com/watch?v=PjEvQ7ZeseQ&feature=emb_title