И по седум месеци поранешните вработени на „Тетекс Јарн“ не ги добија платите за месеците февруари и март – ММС
ММС

Објавено на: 09/16/20 4:13 PM

И по седум месеци поранешните вработени на „Тетекс Јарн“ не ги добија платите за месеците февруари и март

И по седум месеци поранешните вработени на „Тетекс Јарн“ не ги добија платите за месеците февруари и март. Тие во март беа отпуштени со образложение дека фабриката поради коронакризата работи со загуби.


Револтот од неисплатата на платите поранешните вработени на „Тетекс Јарн“ го изразија и денеска пред кругот на фабриката, откако денеска тие остварија средба со раководството на претпријатието која била безуспешна.

Велат дека парите од опремата и залихите на фирмата наместо за плати завршуваат во џебовите на сопствениците.   

Поранешните вработени на „Тетекс Јарн“ во март беа отпуштени со образложение дека фабриката поради коронакризата работи со загуби.

Зоран Димовски