Отстарнете ги хаварисаните возила, во спротивно ќе бидат отстранети од надлежните служби порачуваат од општина Аеродром – ММС
ММС

Објавено на: 09/16/20 2:32 PM

Отстарнете ги хаварисаните возила, во спротивно ќе бидат отстранети од надлежните служби порачуваат од општина Аеродром

Сведоци сме на голем број возила кои покрај тоа што не се во возна состојба, туку се и во распадната и се уште зафаќаат јавен простор на паркинзите на територија на Град Скопје. За овие возила ниту се грижат сопсвениците, ниту пак општините чии паркинзи се во нивна надлежност.


Прва помеѓу општините кои смета дека оваа слика треба да се промени е Општина Аеродорм која повика на нивно отстарнување од страна на сопствениците. Отстранете ги хаварисаните возила од јавните површини во Општина Аеродром, повика општината на официјалата Фејсбук страница.


„Општина Аеродром ги известува сопствениците на хаварисани и нерегистрирани возила дека е потребно да ги отстранат од јавните површини во најкраток можен рок. Во спротивно, овие возила, приколки и камп-приколки што се паркирани на плочници и тревници веднаш ќе бидат отстранети од надлежните служби. Паркирањето на вакви возила на јавни површини е забрането и тие покрај тоа што ја нагрдуваат сликата за Општината, претставуваат и опасност за граѓаните и за животната средина“, стои на официјалната Фејсбук страница на Општина Аеродром.