Платиле за дрва но не им ги донеле – СВР Штип регистрира измами со дрва – ММС
ММС

Објавено на: 09/16/20 2:24 PM

Платиле за дрва но не им ги донеле – СВР Штип регистрира измами со дрва

СВР Штип последниве два дена регистрира два случаи на измама пoврзани со огревно дрво.

На 14.09.2020 во Полициската станица Свети Николе, Љ.М.(67) од Свети Николе пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 7.000 денари. Според пријавеното, околу 15.00 часот во нејзиниот дом на ул.,,Ванчо Ангелов“ во Свети Николе дошло лицето и и понудило три кубни метри  огревни дрва за сума од 7.000 денари. Според пријавата, таа му ги дала парите, по што заминало, но не и донело дрва.

Иста ваква измама, ден подоцна, во СВР Штип,  била пријавена од П.Р.(87) од Штип. Тој пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 6.000 денари. Според пријавеното,  околу 12.00 часот во неговиот дом на ул.„Цветан Димов“ во Штип дошло лицето и му понудило огревно дрво, а откако се договориле тој му ги дал парите, по што лицето заминало и не му донело дрва.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Од СВР-Штип апелираат граѓаните да бидат внимателни и да не наседнуваат на вакви измами.