Нова бронзена статуа на Меланија Трамп во Словенија – ММС
ММС

Објавено на: 09/16/20 1:32 PM

Нова бронзена статуа на Меланија Трамп во Словенија

Во близина на родното место на првата дама на САД, Меланија Трамп, осамна нова бронзена статуа, откако онаа која во Ново Место се појави минатата година, беше преку ноќ отстранета со објаснување дека фигурата воопшто не наликува на сопругата на претседателот Доналд Трамп. Некои одеа и дотаму нарекувајќи ја фигурата „статуа на штрумфетата“.

Меланија Трамп е родена во Ново Место во Словенија во 1970 година, но годините во Југославија ги поминува во градот Севница, пред да се пресели во САД.

Новата статуа направена од бронза е откриена во текот на вчерашниот ден и претставува репика на оригиналната.

-Ние сме тука затоа што ја враќаме статуата на Меланија на старото место, каде што претходната беше запалена и отстранета, изјави словенечкиот артист Марко Вивода за „АP news agency“.

Севница, но и Ново Место, по елекцијата на Доналд Трамп на претседателските избори во 2016 година, навистина стана туристичка атракција за луѓето кои доаѓаат да ги видат корените на првата дама.