Змија замотана околу вратот и лицето не е валидна „маска“ за во автобус – ММС
ММС

Објавено на: 09/16/20 1:35 PM

Змија замотана околу вратот и лицето не е валидна „маска“ за во автобус

Во Манчестер во автобус се случила интересна случка, по што од транспорт сервисот  морале да потврдат дека змија не е валидно покривање на лицето, откако маж се качил во автобус со жива змија замотана околу вратот и лицето , пишува „Би-Би-Си“.

Патничка кој била во автобусот вели дека најпрво помислила дека човекот носи некаква смешна маска и бандана, се додека не видела дека мрда.

Очевидци кои сакале да останат анонимни, кажале дека инцидентот бил премногу смешен а и изгледало дека животното не сметало никому во автобусот.

Портпаролот на транспорт сервисот кажа дека иако нема некои строги правила во однос на покривањето на лицето поради вирусот, сепак веруваат дека носењето „кожа на змија“ припаѓа во исклучоците, особено кога змијата е се уште жива.