Наумче Мојсоски е новиот директор на Агенцијата за млади и спорт – ММС
ММС

Објавено на: 09/16/20 12:33 PM

Наумче Мојсоски е новиот директор на Агенцијата за млади и спорт

Новото директорско место во Агенцијата за млади и спорт резервирано е за поранешиот македонски репрезентативец во ракометот, Наумче Мојсоски, пренесува ПлусИнфо.

Местото на сега веќе поранешен директор Дарко Каевски го презема Мојсоски, додека пак Кавески заминува во пратеничката клупа во Собранието.