Полицијата казнува во Скопје: 105 возачи се казнети за пребрзо возење и 12 пешаци поради направени прекршоци – ММС
ММС

Објавено на: 09/16/20 11:49 AM

Полицијата казнува во Скопје: 105 возачи се казнети за пребрзо возење и 12 пешаци поради направени прекршоци

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 376 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 23 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 105 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 22, 35 санкционирани мотоциклисти и пет одземени мотори, 57 мерки за непрописно паркирани возила и 60 возила подигнати со пајак, а изречени се и 100 санкции за неносење на заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.