Луѓето што постојано се жалат и „кукаат“ ни ја црпат енергијата: Како да се справите со нивната токсичност? – ММС
ММС

Објавено на: 09/15/20 5:23 PM

Луѓето што постојано се жалат и „кукаат“ ни ја црпат енергијата: Како да се справите со нивната токсичност?

Способноста да се покаже сочувство и емпатија се смета за позитивна особина, но важно е паметно да ја користите. Ако по разговорот со некоја личност се чувствувате исцрпено, размислете дали треба да го промените својот став. Животот носи многу проблеми. Семејството и пријателите исто така ги имаат, па често сме во ситуација да слушнеме како некој се жали. Од една страна тоа е природно, бидејќи луѓето сакаат да се слободат од напнатоста, но од друга страна непрекинатото слушање на туѓите жалби може да ни наштети.

Влијание на негативните личности

Некои луѓе зборуваат за своите проблеми за да добијат поддршка и совети, а други за да ја пренесат својата негативност на останатите. Треба да научите да ги разликувате. Можно е луѓето од втората категорија да сметаат дека сте егоисти, доколку одбивате да ги сослушате. Можеби ќе се обидат да ви создадат чувство на вина, но тоа не е страшно. За возврат ќе добиете енергија и чувство на самопочит, откако ќе ја одбиете таквата токсична комуникација.

Зошто не треба да ги слушате жалбите?

Затоа што оној кој постојано се жали не прави ништо за да го промени својот живот. Тој е навикнат да биде во улога на навреден, таков му е погледот на светот. Може да го сослушате, но како да му помогнете? Никако. Нему не му е потребна помош, тој само сака да зборува, а разговорот без цел нема смисла. Жалејќи се, тој го елиминира од себе чувството на вина за својот неуспех. Со таквите луѓе треба да се занимаваат стручните лица, кои ќе умеат да влијаат на таквиот начин на размислување.

Најнегативното влијание на еден човек го имаат неговите сопствени лоши мисли

Никогаш нема да се ослободите од проблемите на оној што постојано се жали, бидејќи тој впрочем нема намера да ги реши. Се што тој сака е од себе да ја тргне одговорноста за својата судбина.

Што се случува со нас кога постојано слушаме жалби?

Ја расипуваме нашата сопствена енергија. Сакаме да помогнеме, но не го решаваме проблемот. Без прекин се обидуваме и со тие обиди само се исцрпуваме.

Знаци на исцрпеност:

Емоционална нерамнотежа

Потешкотии при решавањето на сопствените проблеми

Проблеми со концентрацијата

Појава на негативни мисли

Како да ги избегнеме оние што постојано се жалат?

Направете дистанца и задржете ја

Можеби незадоволниот на почеток ќе биде навреден поради вашата незаинтересираност, меѓутоа кога сите би престанале да ги слушаат неговите жалби, тој конечно би морал да се фати во костец со проблемите, наместо само да зборува за нив.

Објаснете му дека не треба да обвинува никој за она што му се случува, освен самиот себе

Да речеме дека сте го сослушале. Кога веќе сте го направиле тоа, кажете му искрено дека она на што се жали не е поединечен проблем, туку дека постои и општ кој се состои во неговиот негативен став кон ситуацијата и кон животот воопшто.

Не покажувајте слабост

Незадоволните се манипулатори. Не покажувајте слабост и не јадете им од рака. Негативното влијание на личноста која ви се жали никогаш нема да престане, а доколку ве исцрпи, ќе си пронајде друга жртва.

Поставете граници

Замолете го да го почитува вашето право на личен простор. Исто така, имате право и да ги бирате темите на разговорите. Можете да му појасните дека не сакате постојано да зборувате за трагедии.

 

Извор: uspesnazena.com