Со вкупно 100 милиони евра државата да им помогне на над 68 илјади работници – предлага „Finance think“ – ММС
ММС

Објавено на: 09/15/20 3:55 PM

Со вкупно 100 милиони евра државата да им помогне на над 68 илјади работници – предлага „Finance think“

Да се врати мерката со која државата ќе му исплати по 14.500 денари на секој вработен за дејностите кои биле најсилно погодени од кризата предизвикана од пандемијата со ковид -19. ОВа денеска го предлага Институтот за економски истражувања и политики „Finance think“ од каде сметаат дека треба да се доделат 14.934 денари месечно по вработен за компании кои во периодот јули – септември имале пад на приходите во однос на периодот април-јуни.

Компаниите ќе треба да се обврзат на 1 октомври да имаат најмалку ист број вработени како на 30 јуни и да го задржат истиот број вработени во рок од три месеци по завршување на мерката, односно до март следната година – се наведува во предлогот, а очекувањата се дека со оваа мерка би биле опфатени 68.568 работници.

За реализација на оваа мерка државата би потрошила вкупно 100 милиони евра.

На работа би се вратиле 11 илјади работници што, според проценките на Институтот, е една четвртина од нововработените. Со реализација на мерката би имало и дополнителен приход во Буџетот врз основа на данок на личен доход и придонеси од најмалку 7,2 милиони евра.