Хроничарот и писател, Данило Коцевски, по кратко боледување почина денес на 73-годишна возраст. Погребот се одржа денес на градските гробишта „Бутел“ во присуство на потесното семејство.
Коцевски е роден во 1947 година во Куманово. На Филозофскиот факултет во Скопје дипломира и подоцна станува член на Друштвото на писатели на Македонија. Во неговата професионална кариера има работено и како универзитетски професор по новинарство.
Првата книжевна творба Коцевски ја објавил во „Нова Македонија“ во 1962 година. Еден е од иницијаторите за основање на Институт за македонска литература заедно со Слободан Мицковиќ, Душко Наневски и Георги Сталев.
Има објавено повеќе од 30 дела од најразлични жанрови.