ФК Вардар блокиран, сега од Дарко Панчев-наводно на име неисплатени плати – ММС
ММС

Објавено на: 09/15/20 11:48 AM

ФК Вардар блокиран, сега од Дарко Панчев-наводно на име неисплатени плати

Дарко Панчев го блокира преку извршител својот ФК Вардар кој му должи сериозна сума на пари, точната не е позната на јавноста, но се шпекулира дека изнесува околу 60.000 евра на име на плати, пишува, dribling.mk

Легендата на Вардар преку извршител си ги бара побарувањата од клубот во кој израсна и преку кој се промовираше во Европа.

Вардар сега има нови проблеми, неочекувани, сезоната едвај ја започна поради финансиските проблеми, капак на се е блокадата од својата фудбалска легенда.

Блокадата значи дека клубот не може да исплаќаплати се до момментот кога ќе го реши спорот со Дарко Панчев, ова носи нова голема неизвесност за најтрофејниот и најпопуларен клуб во Македонија.

dribling.mk