Не ме плаши староста, туку иднината на Маркијан- Пејачката Ребека наполни 49 години – ММС
ММС

Објавено на: 09/15/20 11:44 AM

Не ме плаши староста, туку иднината на Маркијан- Пејачката Ребека наполни 49 години

Не сум помислила на старост и никогаш не сум се плашела, вели пејачката Ребека, која денес полни 49 години.  Таа вели уште од утрово децата ја изненадиле со честитки, па и луѓе кои прочитале на Fејсбук и се јавиле да и честитаат, а за вечер сопругот Мики и рекол- ќе те носам некаде, нека биде изненадување.

На прагот на 50ката Ребека вели дека нема време да мисли ниту на годините ниту на себе.

-Доаѓаат години кога имаш обврски и не се вртиш кон себе, туку гледаш работите да се добри за целото семејство.Веќе не се врти светот околу мене. Не сум ни помислила за старост, додуша никогаш и не сум се плашела, од поодамна живеам како побожен човек и кога  човек  ќе дојде на едно ниво на свесност, тоа не го плаши. Раѓање и смрт, тоа е.  Зреењето е убав момент, децата,семејството. Да оставиш спомени кај лугето што ги сакаш и што ти значат. Јас сакам така да го живеам животот и го живеам така. Не сум опседната со годините, не можам да го разберам стравот од стареење, па тоа е неминовен процес, вели Ребека и додава:

„Единствено мене што ме плаши, како и сите родители,  е иднината на Маркијан. Државава не се грижи за ваквите деца и на ваков ден е прво нешто на што помислувам. Ние, како родители, ќе бидеме и ќе си заминеме, децата ќе останат по нас“, вели таа.

Времето за по салони за убавина одамна го заборавила и, како што вели, од она малку време за себе е да се напие кафе и тоа на нога, бидејки ретко седнува.

https://www.facebook.com/milan.risteski.9/posts/10158229967113612

-Го немам јас луксузот  да седнам и да пијам кафе. Друго беше кога децата одеа на школо, а сега кога се дома такво нешто е невозможно. Ќе учат од дома и  бараме асистент за Маркијан, тоа се тие секојдневни обврски кои не ти даваат да мислиш ни колку години полниш ни дали се плашиш од старост. За мене време имам  кога пешачам со Мики и со кучето. Моето слободно време е поврзано со времето на децата. Козметичар, фризер, шминкер, салони, тоа не, немам веќе такви ритуали, иако и порано тоа не сум го правела толку многу.  Порано наоѓав време и да вежбам ама за време на коронава и ногата си ја повредив, го скинав мускулот, па одев со штаки два месеци. Па и тешко ми оди заздравувањето, бидејки бев непослушен пациент. Ама пак ке кажам, се се ова обврски кои не ти дозволуваат да мислиш на ништо друго. Мајка ми ми вели- „Немој случајно да кажеш дека си стара. Јас тоа го кажав на 45 години и сега од оваа дистанца гледам каква глупост е тоа“. Значи во секој сегмент на животот, сепак, најважно е здравјето,  вели Ребека.