Рускиот опозиционен лидер, Алекс Навални, кој неодамна беше отруен со „Новичок“ отровот, е во значително подобра здравствена состојба, известуваат германските лекари.
Тој повеќе не е на респираторна машина, може да се движи и да зборува. Лекарите во болницата во Берлин додаваат дека Навални продолжува да се подобрува, но според нив рано е да се зборува дали рускиот политичар ќе успее целосно да се закрепне.
На 20 август годинава Навални колабираше на аеродромот во Томск откако конзумираше чај. Два дена подоцна долета до Берлин, а повеќе од три недели беше во несвесна состојба.
Веста за подобрувањето на здравствената состојба на Навални ја потврди и неговата портпаролка, Кира Јармуш.
Противникот на Путин бил отруен од „Новичок“, истиот отров со кој беа отруени во 2018 годиа Сегеј и Јулија Скрипал во југозападна Англија.