Со повеќе прегратки до попаметни деца – ММС
ММС

Објавено на: 09/14/20 6:28 PM

Со повеќе прегратки до попаметни деца

Ако сакате да ги прегрнувате децата, правете го тоа и понатаму, бидејќи еден ден ќе ви бидат многу благодарни за тоа.

Најновите истражувања покажуваат дека прегратката несомнено е облик на физичка приврзаност, а тоа е многу важно за детскиот развој.

Истражувањето што го спровела Националната детска болница во Охајо, опфатило 125 деца, меѓу кои имало и предвремено родени. Уврдено е дека прегратките и нежноста кон децата создаваат силна реакција на мозокот и им помагаат да се развијат побрзо.

Д-р Натали Метр која го водела истражувањето објаснила дека ваквиот едноставен чин има огромно влијание на детскиот мозок. Во текот на прегрнувањето хормонот окситоцин кој создава позитивни емоции, се ослободува во голема количина и придонесува да се зајакне врската меѓу родителот и детето. Недостатокот на прегратки може негативно да влијае на детето, ја намалува неговата самодоверба и ја отежнува комуникацијата со другите луѓе.

Треба да знаете дека секогаш кога прегрнувате некој, вие го зголемувате нивото на окситоцин и го подобрувате менталното здравје.

 

Извор:  uspesnazena.com