Разбојништво во аптека: Полицијата го приведе сторителот – ММС
ММС

Објавено на: 09/14/20 5:51 PM

Разбојништво во аптека: Полицијата го приведе сторителот

Полицијата приведе маж кој денеска извршил разбојништво во аптека на булевар „Климент Охридски“. Разбојникот е приведен од екипа од полициската станица Центар, откако околу 16.30 минути со закана со нож од вработената одзел околу 6.000 денари и мобилен телефон.

Веднаш по добиената пријава преземени се мерки и лицето е лишено од слобода, а парите и телефонот се пронајдени – соопштија од Министерството за внатрешни работи.