Уште од детскиот период не’ учат дека на злото не треба да возвраќаме со зло. Ни зборуваат дека на злото треба да возвратиме со добрина и дека токму таа секогаш победувва. Меѓутоа психологот, Клифорд Лазарус тврди дека таквото однесување ни дава до знаење дека оној што не’ навредува всушност преку агресија ќе дојде до она што го посакува.
За ова постои и логично објаснување, а тоа е Законот на ефект.
Тој се сведува на тоа дека луѓето се однесуваат на оној начин кој најдобро им овозможува да ги задоволат своите потреби и обратно – да ги одбегнуваат постапките што нема да ги доведат до посакуваната цел. Тоа значи дека доколку се однесувате убаво кон личноста која е груба кон вас, покажувате дека таквото однесување сепак ја поттикнува вашата љубов.
Со други зборови, покажувајќи љубезност кон грубоста или агресивноста, вие ја охрабрувате таквата личност да се однесува лошо. Секако, тоа не значи дека треба да бидете бесни секогаш кога ќе наидете на некој што се однесува несоодветно, но важно е да знаете дека не треба да бидете ни премногу фини. Ако нешто не ви одговара, многу е важно тоа да го кажете. Честопати се покажува дека личноста која секогаш е фина кон сите, всушност одбегнува на секој можен начин да дојде до каков било судир, а тоа не треба да го правите. Не треба на секоја грубост да одговорите со иста мера, но ако се укаже потреба, мора да возвратите. Мора да умеете да се грижите за себе.
Како да негувате добар однос кон себе и да ги спречите луѓето да се однесуваат грубо и агресивно кон вас:
Не охрабрувајте ги луѓето да се однесуваат на начин кој прави да ви е непријатно.
Бидете искрени кон луѓето, но одржувајте ги односите само додека и тие се искрени кон вас.
Научете да се спротивставувате и разумно да инсистирате на своето.
Не охрабрувајте ја грубоста кон себе.
Доколку некој со вас вас однесува неприфатливо, кажете му го тоа. Нема потреба да се смешкате и да се правите дека се е во ред.
Извор: uspesnazena.com