Одбележувањето на 76 години слободно Свети Николе во знакот на младите кои доаѓаат – ММС
ММС

Објавено на: 09/14/20 4:08 PM

Одбележувањето на 76 години слободно Свети Николе во знакот на младите кои доаѓаат

„По 76 години слободарски живот, ни останува заветот да го чуваме, негуваме и надградуваме Свети Николе за да го предадеме на идните поколенија, подобар, поубав и поразвиен“. Со овие зборови градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски ги пренесе стремежите на општинското раководство на Денот на ослободувањето – 14 септември. Одбележувањето беше свртено кон најмладите, кон оние кои изминатата учебна година, во ковид услови, успееја да го афирмираат градот со своите успеси на домашни и меѓународни натпревари. Беа презентирани постигнувањата во натпреварите по јазик и природни науки, спорт, а особено успешните шахисти и пингпонгари. Нов предизвик пред училиштата и општината е да се организира образовниот процес во ковид услови, рече Велковки онаму каде застана минатата учебна година.
-За жал, на генерацијата матуранти, која заврши во СОУ „Кочо Рацин“ и’ беше скратена можноста на свечен начин да го прослават завршувањето на своето образование во училиштето. Но, и во услови на пандемија, ние иунвестираме во нашите ученици и во училиштата, преку поставување на нова електрична инсталација, замена на прозорци и врати, поставување на нови тоалети, нови фасади и греење. Сега се наоѓаме пред нов предизивик со отворањето на училиштата и градинките, рече Велковски, кој ги наброја проектите на кои интензивно се работше меѓу две одбележувања на Денот на ослободувањето на Свети Николе- изградбата на нови патишта, реконструкција и асфалтирање на улици, пешачко велосипедската патека до локалитетот Била Зора, како и изградбата на 11 летниковци пред колективните згради. Општината решава и повеќе комунални проблеми на граѓаните.
Претстојат активности на проектот за затворен базен, со кој се дава урбан тон на секоја средина. Усвоен е идејниот проект, претстои усвојување на урбанистичкиот план и веќе идната година ќе почне изградбата на објектот кој за спорт и рекареација ќе биде достапен 365 дена во годината, кажа градоначалникот.
На Денот на ослободувањето беше оддадена почит на сите кои се бореа за слобода и тие што го дадоа својот живот со цел овие нови генерации светиниколчани да ја уживаат таа слобода. Одбележувањето заврши со промоцијата на делата од Ѓуришката ликовна колонија, која оваа година со домашни автори се одвиваше на отворено, во ковид услови.