Под мотото „Цело Скопје кино“ ќе се одржи 19-тото издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ – ММС
ММС

Објавено на: 09/14/20 2:24 PM

Под мотото „Цело Скопје кино“ ќе се одржи 19-тото издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“

Под слоганот „Цело Скопје кино“, ќе се одржи овогодинешниот Фестивал на европски филм „Синедејс“, кој наместо традиционално во ноември ќе се одржи во летниот период од 18 до 24 септември.

Проекциите ќе бидат прикажувани на отворено и тоа на три главни локации и на неколку алтернативни кина, следејќи ги здравствените протоколи и мерките за заштита од пандемијата на коронавирусот.

Филмското остварување на Стојан Вујичиќ, семејната драма „Стела“, ќе го отвори 19-то издание на „Синедејс“ во Скопје.

-Оваа година „Синедејс“ наместо во ноември ќе се одржи во летниот период. Во овој период, МКЦ успеа да реализира 113 настани. По толку работа и вложен труд во овие три месеци, не сакавме да ризикуваме да го оставиме фестивалот за ноември. За помалку од месец дена успеаме да ги реализираме сите сегменти за да дојдеме до денес. Се одлучивме фестивалот да се одвива на отворено, со физичко присуство. Да го направиме Скопје кино платно и да уживаме таа недеа во филмот, изјави директорот на МКЦ, Русе Арсов.